Адвокатска Канцеларија НАЈДЕНОВСКИ - Добредојдовте
 
        Адвокатска канцеларија
    НАЈДЕНОВСКИ


Слика од старо Скопје

СФЕРИ НА РАБОТА

Адвокатската канцеларија Најденовски ги дава сите видови на правни услуги на физички и правни лица во Република Македонија и во странство, преку своите соработници или преку правната мрежа Скопје Легал.

Врвна услуга ќе добиете во било кој сегмент во компаниското работење при инвестирање од странство во Македонија и од Македонија во странство. Застапувањето во деловни преговори и изготвувањето на договори за заедничко вложување е стандардизиран тип на услуга без разлика на вредноста на правната работа и се дава по стандарди препознатливи пред странските банки, инвестициони фондови и деловни групации.

Во специјалностите на канцеларијата спаѓаат правните ревизии на компании за потребите на странски и домашни инвеститори, пред се банки и фондови како и правни мислења во однос на правната безбедност за инвестирање во траен капитал на друштвата.

Сите наши клиенти можат да добијат максимално квалитетни услуги од областа на зашита на авторското право и интелектуалната сосптвеност благодарение на врвната консалтинг куќа со која имаме постојана соработка.

Канцеларијата нуди услуга на делегирање на свои претставници за членови на одбори на директори, пред се во друштвата со мешовит или чисто странски капитал, со статус на советници за правни прашања и/или овластувања до ниво на неизвршен менаџер.

Се разбира, нашата канцеларија ги врши и сите услуги од административен карактер, како организирање на преводи, авторизација, нотаризација на документи, а води и соодветни управни постапки за уредување на компаниски и лични состојби.

             
Адвокатска канцеларија НАЈДЕНОВСКИ, 2003 сите права задржани.